Кумановец тешко повреден откако со товарно возило излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец е тешко повреден, откако вчера излетал од патот со своето товарно возило.

Loading...

– На 01.06.2020 во 14.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, на место викано „Змејковец“, товарно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(30) од Куманово, излетало од патот и удрило во жичана ограда, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, сопатникот Р.Р.(41) од Куманово бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово, велат од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply