Кумановец тешко повреден откако колегата со кран му ги притиснал нозете

Сподели со своите пријатели

На 20.05.2017 година околу 11.30 часот во кругот на фабриката ФЗЦ „11-ти Октомври“, додека В.С.(48) од Куманово управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката, при поминување покрај метални конструкции, му ги притиснал нозете на И.Ѓ.(32) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, В.С. не забележал дека И.Ѓ. се качил на кранот и при поминување покрај металните конструкции во еден момент му ги притиснал нозете. И.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.