Кумановец тешко повреден откако изгубил контрола над својот мотоцикл

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 15,15 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје во атарот на селото Умин Дол случена е сообраќајна незгода во која З.В. (33) од Куманово, управувајќи моторцикл„Хонда, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мотоциклистот изгубил контрола над моторциклот, излетал од патот и удрил во дрво, а потоа во бетонска бандера. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општа болница – Куманово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Интевенција на случајот бележат и пожарникарите кои го гаснеле мотоциклот кој по ударот се запалил.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.