Дваесет и тригодишен кумановец е тешко повреден, откако ноќеска изгубил контрола над својот моторцикл.
– На 05.07.2020 околу 00,40 часот на ул. “Пиринска Македонија“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која Д.Г.(23) од Куманово, управувајќи моторцикл “Априлја“ со дебарски регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот, излетал од коловозот и удрил во железно-бетонска ограда а потоа удрил во паркирано патничко моторно возило “пежо“ со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По незгодата на Д.Г. му биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид е извршен од страна на екипа од СВР Куманово а за настанот е запознает и јавен обвинител.
Никола Ивановски