Кумановец тешко повреден откако БМВ удрило во него, возчаот избегал

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишен кумановец е тешко повреден откако викендов во него удрил автомобил БМВ во селото Романовце, при што возачот избегал од местото на незгодата.

Loading...

– На 07.05.2022 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Романовце, кумановско, патничко возило „БМВ“ со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот С.С.(67) од село Романовце и го напуштило местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата С.С. се здобил со тешки телесни повреди  констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски