Кумановец тешко повреден, излетал од патот со својот мотор

Сподели со своите пријатели

Четириест и едногодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако со својот мотор излетал од патот Кичево – Струга.

Loading...

– На 20.08.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Струга, во близина на село Ново село, А.А.(41) од Куманово, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со германски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со албанско знаме на грбот, ја откорна таблата на српскиот конзулат во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски