Македонскиот бизнисмен Валентин Илиевски неочекувано ја доби довербата да биде нов претседател на фудбалскиот гигант од БиХ, Сараево. Тој е Генерален директор на компанијата „Месер БХ Гас“ и е родум од Куманово, но долго време живееше во Германијам објави порталот СпортМедиа.
Македонскиот бизнисмен Валентин Илиевски неочекувано ја доби довербата да биде нов претседател на фудбалскиот гигант од БиХ, Сараево. Тој е Генерален директор на компанијата „Месер БХ Гас” и е родум од Куманово, но долго време живееше во Германија.
Мнозинството делегати на клубот кој беше еден од најдобрите и во поранешна Југославија му ја дадоа довербата на Илиевски, кој ќе биде нов претседател на Сараево.
Голема чест претставува изборот за претседател на Сараево, клуб кој е препознатлив во Регионот и кој има светла традиција од над 70 години. Верувам дека ќе ја оправдам довербата во надградбата на имиџот на еден така голем клуб. Голема благодарност до делегатите за дадената доверба – рече Илиевски по изборот, а пренесе СпортМедиа.
Илиевски има 48 години и е успешен бизнисмен, кој е школуван во Германија, каде започнал поголем дел од своите бизниси, за сега да биде прв човек на „Месер Бх Гас“, а сега и претседател на ФК Сараево.