Кумановец со закана држел жена дома и ја силувал

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец е приведен под сомнение дека дома под закани држел жена која ја силувал.

Loading...

– На 05.07.2024 година во 01.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.М. (47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека со закана држел 34-годишна жена во неговата куќа и извршил обљуба врз неа.

– Р.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал сопругата и нејзината ќерка