Кумановец со туѓа картичка пазарил преку интернет

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С. (33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, откако случајно дошол до платежна картичка на име на М.А. од Куманово неовластено ја употребил за што не му бил потребен пин од истата. Истиот преку електронска трансакција на интернет извршил три трансакции во вкупна вредност од 10.715 денари.