Триесет и тригодишен кумановец бил приведен под сомнение дека со употреба на сила украл чанта на 20-годишна девојка.
– На 01.01.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово, го лишија од слобода У.З.(33) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од Г.Ш.(20) од с.Виштица, липковско, дека околу 21:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово со употреба на физичка сила ѝ ја одзел чантата во која ималa пари, банкарска картичка и други предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Иванвоски

