Кумановец со остар предмет повредил двајца сограѓани

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово завчера приведен е Ш.Б.(29), поради нанесување на повреди со остар предмет на А.Б.(51) и Е.Б.(23) по претходна расправија помеѓу нив во двор од куќа на улицата „Веселин Маслеша“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во општата болница во Куманово на Е.Б. и А.Б им е укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply