Кумановец со остар предмет нападнал и повредил сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Четириест и шестгодишен кумановец бил приведен вчера попладне под сомнение дека со остар предмет нападнал и повредил сограѓанин.

– На 14.10.2025 во 18:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(46) од Куманово затоа што со остар предмет го нападнал Б.Р.(30) и му нанел повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Не може креаторите на сите проблеми во Куманово сега да бидат негови спасувачи