Дваесет и едногодишен кумановец ноќва бил приведен по пријава дека со остар предмет го нападнал својот татко.
– На 17.09.2025 во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.С.(21) од Куманово затоа што со остар предмет го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски