Кумановец со остар предмет го нападнал својот татко

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека со остар предмет го нападнал својот татко.

Loading...

– Денеска (03.08.2024) во 06.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(22) од Куманово, затоа што околу 05.30 часот во семејниот дом во Куманово, со остар предмет го нападнал својот 49-годишен татко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски