Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот сосед

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека со огнено оружје се заканувал на својот сосед.

Loading...

– На 29.01.2025 во 15.50 часо,т полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.И.(61) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје се заканувал на неговиот сосед З.Д.(60), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен обид за грабеж во угостителски објект во Куманово, крадецот приведен