Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот брат

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишен кумановец бил приведен по пријава дека со огнено оружје се заканувал на својот брат.

Loading...

– На 04.06.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.М.(59) од Куманово затоа што со огнено оружје се заканувал на неговиот брат, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученик од Куманово тешко повреден откако го турнал негов соученик