Шеесет и тригодишник од Куманово бил приведен по пријава дека со нож се обидел да нападне брачен пар.
– На 27.11.2025 во 08:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(63) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од куќа во Куманово со нож се обидел да ги нападне Ф.А.(42) и неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

