Кумановец со нож нападнал сограѓанин во градскиот парк
On:
Сподели со своите пријатели
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З. (27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот на 22.09.2016 година околу 16.00 часот, додека седел на клупите во градскиот парк во Куманово, низ паркот поминал оштетениот И.А. (35) од Куманово по што без повод и причина започнал да го навредува оштетениот, а во еден момент извадил нож и започнал да замавнува кон оштетениот по што го исекол во пределот на раката и ногата.
После тоа пријавениот избегал од местото на настанот.