Кумановец со нож ги нападнал бабата и дедото, па сам се повредил
On:
Сподели со своите пријатели
Вчеравечер околу 19,10 часот во Полициска станица Куманово од страна на С.С.(1989) сосед на семејството на Б.Д. и Ј.Д. било пријавено дека во домот на оштетените дошол нивниот зет Б.С. од село Табановце во видно алкохолизирана состојба и првин ја скршил влезната врата, по што откако влегол во домот на Б.Д. и Ј.Д. почнал со расправија, барајки ја наводно неговата сопруга, инфорамираат од Министерството за внатрешни работи.
Веднаш потоа со употреба на нож на Б.Д. и Ј.Д. им направил исекотини во пределот на рацете, а на Ј.Д. исекотини на левата страна од вратот. Оштетените успеале да избегат од дома кај соседот, додека Б.С. останал внатре и со истиот нож се самопвредил. Откако соседот видел дека Б.С. е легнат во ходникот веднаш повикал и брза помош по што е однесен во Ургентен центар во Општа Болница Куманово, а потоа поради сериозноста на повредата е е префрлен на Клинички Центар Скопје. По овластување на јавен обцинителизвршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Куманово.