Кумановец со молотов коктел предизвикал пожар. Имал 2,4 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Куманово ноќва предизвикал пожар со молотов коктел, а полицијата утврдила дека имал 2,40 промили алкохол.

Loading...

– Денеска (20.07.) во СВР Куманово во 02,10 часот е  пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,92 промили алкохол, полицијата го привела

– При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта, додаваат од МВР.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Никола Ивановски