Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец доби кривична пријава за фалсификување пари, откако во оптек пуштил лажни долари.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.З.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што појаснуваат од МВР, набавил три фалсификувани банкноти во апоени од 50 долари, кои ги пуштил во оптек во казино во Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла грутчеста материја!