Кумановец со чекан се заканувал на светиниколчанец, иако имал забрана за влез во неговиот двор

Сподели со своите пријатели

Полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.И. (51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 28.01.2017 година околу 20.00 часот во Свети Николе во дворно место од куќа на ул. „Септемвриска“ во која живее С.Т. со семејството, пријавениот со чекан кој го држел во раце упатувал навреди и закани кон Љ.Т., татко на С.Т. Сторителот влегол внатре и покрај тоа што со Решение од 19.09.2016 година на Основен суд Свети Николе му е забрането да се заканува, да ја вознемирува и да и се приближува на растојание помалку од 100 метри од нејзиното живеалиште.