Кумановец со бензин запалил влезна врата и автомобил на сограѓанин

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ј. (61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “предизвикување општа опасност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 10.11.2017 година околу 21.00 часот на ул. „Ѓорче Петров“, откако П.Ј. претходно земал два литри бензин, отишол во куќата на неговиот сосед Т.К. со кого претходно имал физичка пресметка, по што со бензин ги испрскал влезните врати од куќата и ги запалил,а потоа го испрскал и возилото „Југо“ во пределот на хаубата и го запалил.

фото. Архива

Loading...