Четириест и шестгодишен кумановец ги убил сопругата и нејзината мајка, а потоа си нанел повреди од кои починал во болница.
Loading...
– Денеска (25.08.2023) околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.), информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот.
– Д.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, каде починал, додаваат од кумановската полиција.
Од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот.