Кумановец се здобил со изгореници во пожар во фабрика за чевли

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 11,55 часот во Куманово, во фабрика за чевли во помошната котлара за парно греење настанал пожар, при што со изгореници се здобил работникот М.В.(57) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на итна медицинска помош повредениот бил пренесен во Општа болница Куманово каде што му била укажана лекарска помош, но поради карактерот на повредите истиот е пренесен Клиники „Мајка Тереза“- КАРИЛ за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.