Кумановец се заканувал со нож на сограѓан, па со негово возило оштетил други две

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен откако се заканувал на сограѓанин, па влегол во неговото возило и оштетил други две.

– На 02.03.2026 во 04:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Д.Ј.(38) од Куманово затоа што на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, поради недоразбирање околу паркинг место, со остар предмет се заканувал на А.А.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, потоа влегол во возилото на лицето на кое се заканувал и со голема брзина оштетил други две возила.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОЈО: Ќе се ексхумира уште едно тело, ќе се испитува и одговорност на службите

Никола Ивановски