Шеесет и двегодишен кумановец е осомничен дека со остар предмет се заканувал на скопјанец, но и двајцата завршиле во полициска станица.
– На 25.09.2025 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(41) од Скопје и Ч.Д.(62) Куманово затоа што по претходна расправија помеѓу нив Ч.Д., му се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, тие се приведени вополициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски