СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот на 27.01.2017 година околу 10.45 часот, додека се движел со патничко моторно возило „БМВ“, на крстосницата на ул. „Никола Вапцаров“ и ул. „11-ти Ноември“ го забележал оштетениот В.М., инаку полициски службеник, со неговото возило, при што пријавениот со голема брзина го поминал оштетениот, му го пресекол патот и се приближил до неговото возило, ја отворил совозачката врата од возилото и му се заканил дека ќе ги убие него, неговиот началник и еден судија, како и нивните деца, доколку не му дадат 4.000 евра.