Дваесет и петгодишник од Куманово бил приведен викендов откако полицијата кај него пронашла два ножа.
Loading...
– На 14.12.2024 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Ц.(25) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
Никола Ивановски