Кумановец се самоповредил при расправија со својот татко

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец си нанел случајна повреда со остар предмет, при семејна расправија со својот татко.

Loading...

– На 17.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека во кумановско настанала расправија помеѓу Т.В.(48) и неговиот син А.В.(23), при што А.В. имал остар предмет во рацете и при расправијата сам си нанел повреда на ногата и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски