Кумановец се превртел од мотокултиватор, со повреди завршил во болница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец со повреди завршил во болница откако се превртел со мотокултиватор во центарот на градот.

– На 28.09.2025 во 15:20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово,  А.С.(24) од Куманово, управувајќи мотокултиватор „имт 509“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што стои во соопштението, со тешки телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда голем митинг на ЗНАМ во Куманово (ВИДЕО)