Кумановец се однесувал агресивно кон полицајци, па го привеле

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен жител на кумановско Черкези се однесувал агресивно кон полициски службеници, по што бил приведен.

Loading...

– На 15.07.2023 во 23.45 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л.Р.(35) од с.Черкези, кумановско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово