Дваесет и тригодишен кумановец викендов бил приведен поради агресивно однесување и закани упатени кон неговото семејство.
Loading...
– На 15.10.2023 во 00.40 часот во кумановско село, полициски службеници од СВР Куманово го привеле К.П.(23) од селото затоа што се однесувал агресивно во неговиот дом и се заканувал на членовите на семејството, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски