Кумановец се обидел со тврд предмет да нападне полицаец

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово бил приведен откако бил агресивен и се обидел со тврд предмет да нападне полицаец.

– На 19.11.2025 во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 55-годишен кумановец затоа што агресивно се однесувал и се обидел со тврд предмет физички да нападне полициски службеник кој вршел службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарникарите спасија две лица од надојдените води на Пчиња (ФОТО)