Кумановец се обидел да запали спортска обложувалница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека се обидел да предизвика пожар во спортска обложувалница.

Loading...

– На 15.07.2025 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ж.Д.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово се обидел да предизвика пожар во спортска обложувалница.

– Ж.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест пожари вчера на територијата на кумановско