Кумановец се обидел да украде мобилен на сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен кумановец бил приведен под сомнение дека се обидел да му украде мобилен телефон на сограѓанин.

Loading...

– На  13.12.2023 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(53) Куманово. Тој, на улицата „Маршал Тито“ во Куманово, се обидел да му го одземе мобилниот телефон на И.И.(55) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег