Четириест и двегодишен кумановец бил приведен вчера откако бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешна фабрика.
Loading...
– На 15.08.2023 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.В.(42) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешна фабрика во Куманово.
В.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски