Кумановец се обидел да изврши полови дејствија врз 9-годишно девојче

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец се обидел да изврши полов напад врз малолетно девојче, а против истиот е поднесена кривична пријава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. (31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 08.06.2020 околу 21,00 часот, додека бил пред станбена зграда во Куманово каде живее, го забележал девојчето на возраст од девет години и во влезот од зградата се обидел да изврши полово дејствие, но не успеал.

Никола Ивановски

Leave a Reply