Триесет и осумгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека со остар предмет се обидел да го повреди својот брат.
– На 21.10.2025 година во 13.40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Б.(38) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во населба Средорек во Куманово се обидел со остар предмет да го нападне неговиот брат Е.Б.(29), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, претходно по нивна меѓусебна расправија, Е.Б. физички го нападнал Н.Б., по што тој се обидел да му врати со остар предмет.
– Н.Б. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски