Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен утринава откако полицијата утврдила дека возел автомобил под дејство на алкохол.
Loading...
– На 16.08.2025 околу 04:48 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Н.(34) од Куманово, кој управувал патничко возило „смарт“ со кумановски регистарски ознаки, затоа што при извршена контрола констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,43 промили алкохол во крвта, велат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случаите, МВР најавува кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски