Педесетгодишен кумановец вчера бил пронајден починат во гостиварско.
Loading...
– На 28.02.2020 во 15,30 часот во близина на „Врапчишка петља“-Гостивар, во специјално возило за транспорт на дефектни возила марка „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки бил пронајден починат Г.Т.(50) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Никола Ивановски