Четириесетгодишен кумановец вчера бил приведен откако за него била распишана потерница.
Loading...
– На 04.05.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
Никола Ивановски