Кумановец приведен за издржување казна затвор

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен кумановец бил приведен викендов поради издржување затворска казна.

Loading...

– На 29.01.2022 година во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Г.Р. (50) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, лицето се барало за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски