Кумановец приведен со прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец викендов бил приведен, откако кај него полицијата пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 16.05.2020 во 15.20 часот на ул.„Братство Единство“ во Куманово, полициски службениц од СВР Куманово од слобода го лишиле Д.Ј.(23) од с.Љубодраг, кумановско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply