Кумановец приведен приведен поради кражба во скопско

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен поради сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба.

– На 19.02.2022 во 02.15  часот, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Јоаким Крчоски“ во Скопје, при што одзел повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и тој го признал делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.   

Никола Ивановски