Кумановец приведен поради носење пиштол и куршуми

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец вчеравечер бил приведен од полицијата откако при контрола му пронашле пиштол и муниција.

Loading...

– На 30.11.2021 година во 19:30 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово, го лишиле од слобода А.М.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, при контрола, кај него биле пронајдени и одземени пиштол „взор“ и рамка за пиштол со седум куршуми.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски