Четириесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен, поради сомнение дека претходно нападнал полициски службеник.
Loading...
– На 15.12.2020 околу 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Ј.(45) од Куманово поради основано сомнение дека извршил напад на полициски службеник кој вршел службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
За настанот постапува и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Никола Ивановски