Триесетгодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата кај него пронашла марихуана и прашкаста материја.
Loading...
– На 26.12.2021 година во 00.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(30) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземение марихуана и прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски