Кумановец приведен поради физички напад во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека во угостителски објект нападнал едно лице.

– На 01.11.2025 во 04:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.Д.(33) од Куманово затоа што во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово физички го нападнал М.А.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мирно и без проблеми тече гласањето во Куманово (ВИДЕО)