Полициски службеници при СВР Куманово завчера околу 22:30 часот на месноста викана Букурица атар на село Матејче, при вршење редовна патролна служба извршиле контрола на товарно моторно возило марка Дајц, без регистарски ознаки, натоварен со огревно дрво, при што констатирале дека дваесет и осумгодишен кумановец, огревното дрво го превезувал без жиг и без соодветна документација.
Како што информираат од полицијата, со потврда за одземени предмети од него се одземени возилото и три метри кубни огревно дрво даб и габер, кои се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка и поднесување соодветен поднесок. Истиот ден, полициски службеници во атарот на село Матечје во нива откриле и огревни дрва растоварени на две локации.
Со потврда се одземени 14 метри кубни буково огревно дрво и две метри кубни огревно дрво без жиг и се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка и поднесување соодветен поднесок.